Знаевте ли вие дека и климатизирањето на канцеларии е сексистичка работа?

Ние не. Ама ќе дојде еден ден кога сѐ што сме постигнале во последниве неколку децении ќе се поништи заради последниве неколку години, новата светска филозофија ќе направи крукче и ќе бидеме пак назад на почеток. Ќе биде „царот е гол“, ама да не биде касно.

Некој се фатил да истражува дека на жените во канцеларии им е поладно отколку на мажите, односно дека со стандардната температура од 22 степени летно време во една канцеларија, на жените им е главно - ладно. Дека климатизерите во работни простории се регулирани според потребите на мажите, наместо на жените.

Заклучокот не е дека е без врска, дека не е фер, дека треба да се најде златна средина, дека иритира, дека треба да се сретнат некаде на половина, дека треба да се направат масовни состаноци за да се одлучи како никој да не „страда“ од настинки на работа, туку:

Дека самиот концепт на климатизирање е сексистички.

Меѓу пофрапантните изјави во овој прилог на Скај Њуз е дека

„Еден од главните проблеми е што често по канцеларии, мажите се тие што ја регулираат температурата, затоа што нив не им е никаков проблем, додека жените седат и се смрзнуваат и никој не прави ништо за да им помогне.“

Исто така и дека е „проблем што надвор е потопло отколку во канцеларија“, затоа што, изгледа, во лето така не се прави?

...За на крај да заклучи дека едноставно - треба повеќе флексибилност?

Зошто тоа не можело да се каже на состанок, наместо да се оди на вести, ние никогаш нема да дознаеме.

На вести, најозбилно, еве:

Се кладиме дека ќе биде „царот е гол“?

8 јули 2020 - 02:15