Ај прво да се потсетиме како реагираше Џенифер Лоренс на Џек Николсон:

Па импровизација, пред да се свести со кого прави муабет:

И моментот на светкањето.

Во рани '90-ти околу Џек Николсон и неговите партнерки се врткаше бројка од типот на 2000-3000, па 6000, па зависи кој весник колку ќе претера. А не е дека беа којзнае колку далеку од вистината.
Џек и Сандра Најт

Биле во брак шест години, од 1962-ра до 1968-ма и имаат ќерка Џенифер, што денес има 52 години. Сандра за US Closer: Имавме многу убав, сладок брак. Знаев дека ќе стане голема ѕвезда и ќе има многу искушенија. Не можев да учествувам во тоа. Поинаков е од имиџот за Џек Николсон.“
Џек и Кендис Берген

Џек и Мишел Филипс

Кога бил во врска со Мишел Филипс од Mamas and Papas, наводно спиел со чекан под перница, од страв бившиот на Мишел, кој е само еден Денис Хопер - да не дојде да го убие.
Џек и Верушка фон Лендорф

Џек и Вини Холман

Имаат и ќерка, Хани.
Џек и Анџелика Хјустон

Во оваа комбинација беа Hollywood royalty, Се запознале на забава кај него дома во 1973-та и било љубов на прв поглед. Врската траеше до 1989-та и ја прекинаа затоа што Џек нонстоп, ама нонстоп ја изневерувал.
И тоа највеќе претерал кога и кажал дека ја затруднел
Ребека Брусард (и Џек)

И со нејзе има две деца, Лорејн и Реј, кои имаат 24 и 22 години.
Џек и Мари Хелвин

Постар е од неа 16 години.
Џек и Лара Флин Бојл

И тоа, ја поканил да излезат пред тогашниот дечко Дејвид Спејд. Му се налутила затоа што не ја одбранил, а реакцијата на Спејд е: „Доволно долго сум во градов да знам кога е некој појак од мене.“
