Жена му на Ентони Квин била 47 години помлада од него

Ова се смета и за една од најголемите (ако не и најголема) разлика во години кај славен пар. Денес јавноста кука и на 5-6 години разлика.

Квин имал 70 кога ја запознал Кети Бенвин, а таа само 23. Прво му била секретарка, па се омажила за него. Taa има кажано дека за нејзе, 70 било возраст „кога луѓето седат во фотелја и чекаат да умрат…“ но, потоа го запознала Квин, облечен во тренерки, после џогирање и ѝ рекол дека животот му е хаос, дека слика, дека работи на претстава и на филм и дека пишува сценарио. И му треба некој да му помогне.

Била воодушевена од неговиот елан за живот и без разлика што имала многу малку искуство во уметничкиот свет, му станала секретарка. После некое време, како што вели - на сопствено изненадување - ѝ се допаднал и започнале врска. Му помагала подобро да си го организира животот, а тој ја учел за сè што му било интересно во тоа време, без разлика дали било средновековна поезија, или сликање.

На крај, се земале и родиле две деца - еден син кога Квин имал 78 и уште еден кога имал 81. Умот му бил остар до крај и бил луциден цел живот, но по дијагнозата на рак на бели дробови, починал на 86.

Кети Бенвин никогаш не се премажила, без разлика што тогаш имала само 38.

„Сакав моите деца да познаваат само еден татко,“ има изјавено. „А Ентони ми беше љубовта на животот.“

8 октомври 2024 - 12:45