Хенри Кавил, актерот што го играше Гералт од Ривија и кој пристојни жени претвори во волци од цртан на Текс Ејвери објави дека после третата сезона ќе се повлече од серијата и од ликот и местото ќе му го отстапи на Лиам Хемсворт, кој свесен дека има фурни леб за јадење, радосно прифати.
Волкот од цртан на Текс Ејвери:
Реакциите?
„НЕ ГО ЗАМЕНУВАЈТЕ ХЕНРИ КАВИЛ. ТОЈ Е ГЕРАЛТ. ГО ЗНАЕ ЛИКОТ ПОДОБРО ОД БИЛО КОЈ ДРУГ!“
„ОВА Е СМЕШНО. Има да ја бојкотирам серијата. Како можете да го замените?“
„Океј, ќе бојкотираме.“
И вакви илјадници. Меѓу нив, има и ретки што коментираат дека фановите на книгата и играта вака се гаделе и кога го најавиле Хенри Кавил пред да се емитува серијата, па ете ги сега кукаат.
На посветените фанови, жалното им е што Кавил и самиот бил опсесивен фан кога се работело за изворниот материјал, сон му било да го игра Гералт и вметнал многу знаење и умешност во спремањето на ликот. Наспроти тоа, никој не го мрази Хемсворт - напротив, ама навикнати на острата вилица на Кавил со Леголас-перика, некако не му попуштаат.
Претпоставките се дека го спремаат за Џејмс Бонд и затоа си оди, или дека продуцентите ја тераат серијата во пропаст и човекот не може да поднесе.
За волја на вистината, ќе го исклесаат и Хемсворт како што треба, па пак ќе има волци.
Само да имаат трпение, затоа што, да не си му во кожа во моментов.