Завист се лечи, ама нејќете

Нема да ви се верува, ама дали знаете дека секогаш кога ќе видите човек што на некое поле има постигнато повеќе од вас - можете да се воодушевите?

Ова наспроти онаа почеста реакција што обично гласи:

„Е да бе, со врски.”

„Е да бе, со пари од татко му.”

„Е да бе, со пластични операции.”

Значи не, стоп.

Ако некој е поуспешен, побогат, поубав или посреќен, природно е да те боцне завист.

А треба да поработиш на случајот тоа боцкање да се претвори во мотивација, наместо да се фрлиш во вртлог од напади и претпоставки, што главно се тешење себеси дека тој некој „не е толку јак.” можеш, на пример следното:

Пример.

Наоѓаш презгодна и преубава девојка на Инстаграм. Си викаш ај, ќе вежбаш и ќе направиш тело, ама лепотата?

И ќе прогуглаш и ќе видиш дека има пластични операции.

И ќе си закажеш и ти пластични операции!

Резултат? Пластика и среќност.

Во понеекстремен случај:

Ако некој е згоден или се облекува добро, не кукај одма дека „се занесува” или „се фали”. Не јади благо во 2 сабајле и научи да се облекуваш.

Многу е едноставно:

9 ноември 2018 - 00:00