Лажните нозе на Каан во филмот биле изработени од желатин, со арматури од жица за кога Ени ќе ги удри со чеканот, да се извиткаат како што треба. Во креветот имало дупки за Каан да ги вметне неговите потколеници.
Во книгата, Ени му го сече стапалото на Пол Шелдон за да не избега, и токму таа сцена и ефектот што ќе го има на публиката била причината што сценаристот Вилијам Голдман го адаптирал романот за филм. Сепак, режисерот Роб Рајнер и продуцентот Ендру Шејнман го смениле ова (во кршење глуждови) и Голдман се бунел сè додека не го изгледал филмот.
Кети Бејтс се вознемирила од насилството во филмот - Каан има кажувано и дека плачела кога дошло ред за снимање со чеканот. Плачела и пред да се снима тепачката на крај.
Не се согласувале околу методите на глума - Каан сметал дека треба да има што е можно помалку проби, а Бејтс доаѓала од театар и била навикната на многу пробувања. Кога му искоментирала на Рајнер дека Каан не се ни обидува да ја слушне, Рајнер ѝ рекол таа фрустрација да ја искористи за ликот.
И ден откако го добила Оскарот, снимала сцена со Алек Болдвин во Prelude to a Kiss и фанови оделе по неа да бараат автограми. Подоцна, кога го шетала кучето и заборавила кесички за измет, нашла фрлен нејзин автограм на земја од истиот ден и со тоа ги собрала гомцата.
Пред неколку дена наполни 76 години, и ред е да се повтори Misery.