Како одговор, британскиот уметник Стјуарт Семпл реши да возврати - ја создаде Pinkest Pink, најрозовата розова што некогаш постоела. Бојата веднаш стана сензација, но со мала финта: секој можеше да ја купи, освен Капур. Купувачите мораа да потпишат декларација дека не се Капур и дека не купуваат во негово име.
Приказната, сепак, не заврши тука. Капур успеа да дојде до примерок и објави фотографија со среден прст натопен во Pinkest Pink. Со тоа расправијата прерасна во светска вест.
Семпл продолжи со нови пигменти - Black 2.0, Black 3.0 и Diamond Dust - секогаш со игриви предупредувања дека Капур е исклучен од листата на купувачи.
Она што започна како борба околу нијанси и бои, се претвори во глобална дискусија за уметноста, сопственоста и пристапноста и Vantablack против Pinkest Pink стана симбол на феноменот како уметничките расправии знаат да бидат подраматични и од самото дело.
А не дека не е фасцинантно:
и