Доаѓале и си оделе преку пожарникарските скали. Самите простории биле полни со уметнички можности. Музика можело да се искуси секоја вечер, во секој блок, а отворање на клуб било едноставно колку отворање на дневната соба.
Тапанарот на Џон Колтрејн, Рашид Али го конвертирал неговиот стан на улица Грин, бр. 77 во нешто што се викало Ali’s Alley (Сокачето на Али) и таму ја основал неговата издавачка куќа Survival Records. Направил шанк, бина, дури и храна служел. Ред на улица за слушање на неговиот сет имало и после еден часот по полноќ. Иако Сокачето затворило во 1979, наследството продолжува на њујоршката џез сцена денес.
Рашид за Њујорк Тајмс:
„Прво беа за проби и за свирење. Потоа, се претворија во рент-забави (правиш журка за да собереш пари за кирија тој месец). Во ’60-те можеше да се изнајми поткровје за ич пари. Прво требаше да се познаваш со музичарот за да влезеш; потоа, малку по малку, музичарите почнаа да наплаќаат по долар, долар ипол, за влез.“
Преправените фабрики и магацини дозволуваа музиката да биде биде ослободена од стегите што би ги имала ако се свири во официјален клуб. Секој џез лофт имал сопствен амбиент. Писателот Мајкл Хелер ги дефинира по одредени клучни карактеристики:
- евтин влез, или предлог за донации
- кежуал атмосфера со нејасна граница меѓу изведувачот и публиката
- во сопственост или раководство на музичарите
- простори со мешана употреба, што комбинираат и приватен простор за живеење и јавен простор за настап
Сокачето било раскошно, заедничко и сериозно и повеќето кажувале дека е најдобро. Студио Ви што го држеле трубачот Џејмс Дубоа и басистот Џума Султан бил еден од најраните вакви простори на улица Елдриџ, бр. 193. Во доцните 1970, се пишувало дека,
„студиото е одвоено од распаднатите згради, скршените тротоари и маничната тага на соседството. Обоено е во светли бои. Првиот кат кој порано беше мало кабаре, сега е преправен во џез клуб. Просторот е цел со маси, клупи и има шанк.“
Ќе речевме зошто немаме вакви работи, ама ај да не ви скориваме јадови.