Водич за гламур, гардероба и држење

...Ама од ‘40-ти.

Пет-шест жени, со симпатичен научен дијалог, божем собрани како на попладневен кафе-муабет, и една од нив ги едуцира како да бидат гламурозни.

И по стотти пат, излегува дека некои правила не се менуваат. Ама некои да.

Дискутабилни се тука повеќе работи. Тврдењето е дека жената треба да биде самоуверена и средена, за да биде атрактивна, а шармот значи да направиш луѓето да бидат задоволни од тебе и да им е пријатно во твое присуство.

Денес тоа личи како малку повеќе работа. Прво, „секогаш средена“ е многу поневозможно од нам подрагото „прави што сакаш.“ Второ, шарм - да им е нонстоп пријатно на луѓето во твое присуство и да бидат задоволни? Точно е дека е умешност, ама денес тоа малку поинаку изгледа - во секој случај далеку од она „биди фина, пристојна и комуникативна, ама кога ќе те прашаат“ од пред 70 години.

5 јуни 2020 - 12:31