Со оглед на тоа колку слободно време се испојави во човечките животи, се појави и некоја тенденција да мораме да го исполниме тоа слободно време правејќи нешто продуктивно.
Е па, не мораме да бидеме толку строги кон себе.
Затоа што, дури и со еден тон слободно време, може да ви изгледа тешко дури сега да почнувате со учење нов јазик или инструмент - и тоа е сосема во ред.
Д-р Шефали Цабари, клинички психолог и автор - објаснува дека пандемијата е трауматична за многумина. „Може да се соочиме и со голема анксиозност, исто така. И поради тоа, се чувствуваме непродуктивни, некреативни, екстремно несигурни и исплашени затоа што не знаеме што се случува.“
Сепак, тоа не е изговор да се залепите за тросед. Важно е да се направи разлика меѓу здрава и нездрава непродуктивност.
„Кога ќе си кажеме - денес можам само овие работи да ги направам, а овие не - тоа е пример за здрава непродуктивност,“ вели Цабари.
А понекогаш, да бидеш продуктивен, значи да најдеш нова дефиниција за зборот и да размислуваш минималистички. Докторката вели, „Продуктивноста се состои во тоа да преземаш автентични активности секој ден. Особено во ова време, ти требаат микро чекори заради кои ќе се чувствуваш поисполнет и кои ќе создадат радост без притисок.“