Многу жени влегуваат во таа категорија: Лош ден, напорна работа, развикани деца - и само малку посредени нокти веднаш ја разбиструваат малку атмосферата.
И не се ова „таму некои“ - ако ви текнува, и на Олимпијада можеше да се забележи дека многу од спортистките имаа вложено време во впечатливи нокти. Атлетичарката Ша‘Кари Ричардсон има и изјавено дека детално насликаните нокти ѝ се важен дел од менталниот склоп при натпреварување.
Зошто средени нокти те тераат да се чувствуваш општо подобро? Дел од приказната е чувството за себе.
„Да одвоиш време за ноктите е сигнал дека се грижиш за себе и за своето тело,“ објаснува Шарлин Руан, клинички психолог и основач на група ординации за работа со современи жени. „Исто така, маникирот не е задолжителна работа како бањање и шишање, па чувството е како за забавен мал луксуз. Покажува дека додаваме нешто во животот само затоа што нè радува.“
Иако нема официјални истражувања околу ноктите и менталното здравје, истражувањето на Др. Руан покажува дека шминката, на пример, помага во самодоверба и сигурност, па маникириот, според неа, може да има сличен ефект. Помага и тоа што за шминка ти треба огледало, или барем предна камера, а во рацете нонстоп си гледаме, без разлика дали е намерно.
Да отидеш во салон на маникир може да биде уште покорисно - таму се добива позитивна човечка интеракција што има уште подлабок ефект на менталното здравје. Како општество, контактот на луѓе ни е сведен на минимум, ако не се смета најблиското семејство и по некој пријател, па ако човек го нема ни тоа - колку и да звучи чудно - салонот може да обезбеди грижлива комуникација.
Правила нема. Боите и должината на ноктите не се директно поврзани со бенефитот што ќе го добиеш.
Ама ако и најмалку можат да помогнат, а имаш време - иди „на нокти“.