Сепак, градот се труди да чекори со времето, па од таму напорите околу борбата со загадувањето и климатските промени, а носталгичното размислување за некое подобро време сосема се отфрла.
Не само тоа - дури ни оние бесрамно луксузни хотели не се вадат само на стара слава.
Како Риц на пример, кој во 2012 се затвори за да реновира со буџет од 420 милиони долари, што е 419.990.000 повеќе од вашиот домашен буџет за реновирање. Во неговиот Империјален апартман, чија цена почнува од 20.000 долари од вечер, добиваш и антиквитети и мермер и злато и усб порти во ѕид. Пригодно.
Риц е синоним за скапо, ама нема шанси со Крион. Крион го шие Риц со највисоката цена за 16.000 долари - најскапо од вечер можеш да платиш 36.000, ама за тоа добиваш приватен батлер, а на располагање ти стојат бербери, чевлари и други ин-хаус придобивки. И боље, кога веќе плаќаш за една вечер колку за гарсоњера.
Еве ги внатре, држиме среќа да можете да си ги дозволите еден убав ден.