Во еден момент, Италија почна да разгласува насекаде дека продава куќи од по едно евро, во полунапуштени селца, во обид да ги заживее со нешто што би требало да е вин-вин ситуација - селото живее, економијата се подобрува, а разни, не баш богати луѓе од секаде во светот го остваруваат нивниот сон да живеат во куќиче како на Сиена Милер, ама во Италија.
Потоа, луѓето почнаа да се информираат, и се дозна дека постојат услови за да се добие таа куќа за сума од една кутија цигари во 2006 во Македонија.
И добро, значи да вложиш повеќе илјади евра во реновирање, да се обврзеш да останеш таму одреден број години... Јасно.
Ама дали е само тоа?