Виралната изјава на Серша Ронан

На гости кај Греам Нортон, Ронан кажа една реченица што ја освести публиката за многу непријатна вистина.

Во петокот, Серша Ронан беше гостинка во Шоуто на Греам Нортон, заедно со Пол Мескал, Еди Редмејн и Дензел Вашингтон.

Во еден момент, Редмејн зборуваше за физичката обука низ која поминал за снимањето на „Денот на шакалот“, каде што игра убиец и како го учеле да го користи телефонот како оружје кога некој го напаѓа. Во тој момент, Мескал и водителот почнуваат да се шегуваат дека никогаш не би им паднало напамет да го користат телефонот како оружје ако се во опасност.

„Кој ќе мисли на тоа?“ прашува Мескал со смеење и се преправа дека го вади телефонот од џеб. „Ако некој ме нападне, нема да помислам на телефонот.“

Па, Нортон вели:

„Ќе му речеш, може да почекаш секунда?“

Едвај успеа да се вклучи Редмејн, кога Ронан се уфрли со:

„Девојките на тоа мислат цело време.“

И тишина.

За да ја убие тишината, ѝ се обрати на публиката со „Така ли е, дами?“ и доби аплауз.

Од Пипл барале изјави од сите инволвирани, што е малку претерување затоа што никој никого не навреди, но светот сѐ уште ја шета изјавата преку цитати, или клипови, воодушевен од разорната вистина кажана преку едвај неколку зборови.

29 октомври 2024 - 09:31