Уште една актерка се пресели на село

Сосе кози, крави и кокошки, и тоа со мерак.

Мили Боби Браун се омажи за 22-годишниот син на Бон Џови - Џејк Бонџови и живеат на фарма во Џорџија.

„Не го правам ова заради естетиката,“ им кажа Мили на Венити Фер деновиве. „Го правам ова затоа што уживам. Може има традиционални сопруги што го прават ова затоа што е модерно, ама не е така кај мене. Ако не собираш коњски гомна, или не бањаш крави со голи раце, тогаш ваков живот не е за тебе. Воопшто.“

Освен коњи и крави, Мили и Џејк имаат овци, кози и магариња, плус кучето што го спасила од шелтер.

„Човек ќе си рече животните се мирни, југот е мирен, местово е мирно. Ама има толку многу хаос. Моите животни се бучни и валкани, а кучињата ми се луди. И така има многу смеење, со пасија и возбуда и е многу живо место. Хаос е и јас така сакам да живеам.“

И покрај тоа што живее во рурална средина, сѐ уште има другарчиња во Холивуд, од времето кога на 11-годишна возраст доби популарност со Stranger Things.

„Никогаш не сакав да станам славна. Не ми беше тоа филмот. Само обожавам да глумам.“

13 февруари 2025 - 23:33