Нов ХБО документарец со наслов „Принцезата“ ќе дискутира за некои од неодговорените прашања и за нејзиниот пат до славата и рефлекторите.
Според ХБО, „Принцезата“ е
„Интимен и длабински поглед во животот на принцезата Дајана, кој ќе ја испита преплавеноста со обожавање и интензивното набљудување со кое се соочи од страна на медиумите и јавноста како член на кралското семејство.“
Значи, исто.
Го режира Ед Перкинс, а користи архивски аудио и видео снимки за да ја испита штетната улога на папараците и медиумите во нејзиниот живот. Покрива сè, од бракот и разводот со принцот Чарлс, до прераната смрт. Служи и како коментар за општеството, и поставува прашања за нездравите опсесии со нејзиниот живот.
754-ти филм за принцезата Дајана ја критикува опсесијата со нејзиниот живот.
Во трејлерот ја бркаат фотографи, папараци се обидуваат да се набутаат во лифт со неа и ги има синовите на нејзиниот погреб. Според PureWow, сепак, најморбидниот момент е изјавата
„Кога ќе ставиш современа личност во древна институција, ќе биде уништена.“
Доаѓа на 13-ти август.