Според традицијата, овие украси ги носат млади, немажени жени за да ја покажат нивната „чистота“ и достапност за брак. Сепак, сега, уметниците ги користат како потсетник на украинскиот идентитет, за време на непријатностите со кои се соочува земјата, кога обединетост им е попотребна од кога и да е.
Надија Шаповал за Вог вели:
„Мислам дека се враќаме на цветните мотиви затоа што модата почнува да реагира на војните што се случуваат насекаде низ светот. Ни треба малку нежност.“