Третата сезона на „Белиот лотос“ ќе биде подолга, појака и полуда

Втората, сместена во луксузен ресорт на Сицилија заврши крваво, а заедно со првата беа крајно привлечни и квалитетни. Сега завршува штрајкот на сценаристите, па со тоа доаѓаат и вести од продукцијата - текстовите се завршени, а серијата се очекува да ни дојде во 2025.

Некои извори велат дека ќе биде сместена во Тајланд, каде што има хотели од ланецот на Фор Сизонс - досега и првата (Хаваи) и втората (Сицилија) беа таму. Продукцијата допрва треба да почне, но според изворите, креаторот Мајк Вајт испитува локации баш во Тајланд.

„Сонот ми е да го поминам секој континент,“ вели Вајт. „Ако продолжиме, ќе стигнеме до Австралија… Би било многу забавно. Огромен алент има тука и убавината е неспорна, па мислам дека сѐ ќе ни биде покриено.“

За тоа кој ќе биде вклучен во актерската екипа уште нема јасни податоци, ама она што би можело да ги интересира фановите на Џенифер Кулиџ е дека таа и Мајк Вајт разговарале за снимање на приквел, односно приказната на нејзиниот лик Тања пред да стигне до настаните од првата сезона.

Инаку, како и за „Среда“, штрајкот на филмските работници ја одложи третата сезона - требаше да дојде во 2024, но сепак ќе почекаме.

Намерата за „подолга, појака и полуда“ е од истите причини - кога веќе чекаме, тогаш нека биде supersized.

9 ноември 2023 - 15:05