Втората сезона на „Среда“ има сопка за справување

Тора Бирч напуштила ненадејно и нема да се врати - а има битна улога во втората сезона.

Спинофот стана хит од моментот кога се појави на Нетфликс, предизвикувајќи наезда од мали девојчиња одеднаш освестени за својата мрачна страна, еден куп кинески маски за Халовин/1ви Април сосе плетенки на нив и уште поголема побарувачка за Џена Ортега.

Во првата сезона, нешто како класна ѝ беше (во чест на филмовите од ‘90-те) лично Кристина Ричи, а оваа сезона требаше да биде Тора Бирч (од „Хокус Покус“ и „Американска убавина“ меѓу другото). Серијата ѝ донесе и номинација за Златен глобус на Ортега и со тоа стана најмлада номинирана досега.

Затоа и се фати Нетфликс за втора сезона, само што сега има (повторно) проблем. Првиот беше кога почна штрајкот на САГ-АФТРА, па сè што мораше да се снима во Холивуд беше стопирано - со снимање се продолжи само во Романија.

Сега, на незавршено снимање ненајавено си отиде Тора Бирч. Претставник на МГМ кажа дека се вратила во САД поради лични причини и нема да се враќа во продукцијата. Имала снимено поголем дел од сцените но сепак не сите, па останува да видиме дали ќе играат одоколу или сосема ќе ја сменат.

Тора Бирч фановите на „Хокус Покус“ ја гледаат како нераскинлив дел од таквите „камп“ филмови и серии и беше таму со причина. Се вклопуваше затоа што целата серија е полна „правење чест“ на други хорор култови. 

Поради штрајковите, ќе дознаеме дури кон крајот на 2024, или можеби 2025.

6 ноември 2023 - 15:21