Прилогот е од Њујорк Дејли Мирор, некаде во ‘50-те.
И еден Мигуел Матос вели:
„Зошто да не? Ако не знаат како да се однесуваат кога се возрасни, треба да се третираат како деца и да се исплескаат. Тоа има да ги натера да пораснат набрзинка. Ако не биде така веднаш, со тек на време ќе сфатат.“
Трагедијата е што сите знаеме дека некои луѓе до ден-денес размислуваат вака.
Понатаму, друг чесен граѓанин, бербер, ќе каже:
„Да, кога ќе заслужат. Како бербер имам многу доверба во четката за коса. Мислам дека има одредени случаи кога е пожелно. Кога е така, нема причина да не го направиш тоа. Не можам да ја отфрлам идејата. Во ова што го работам, човек може да добие многу ако правилно ја примени четката за коса.“
Од овој апгрејд со орудие, одиме на третиот, вработен на паркинг:
„И тоа како. Ќе се научат кој е газда. Многу жени забораваат дека ова е машки свет и многу мажи кои се повлекле од улогата на газда во семејството посакале да не го направеле тоа. Плескањето може да врати дел од почитта што ја изгубиле.“
И на крај, сопственик на фабрика за играчки, кој пак, има решение дури и кога жената не предизвикала плескање:
„Да. Повеќето секако заслужуваат. Ако не заслужиле, барем ќе ги потсетиш колку добро се снашле. Јас ја подржувам теоријата дека е подобро да спречиш, отколку да лечиш.“
На крај на прилогот пишува: Ве мачи ли некое прашање? Пратете ни го! Замислете колку некој се мачел со ова прашање, штом решил „да го стави на Фејсбук“ од 1950-те.
Веројатно се ова истите мажи што требаше да се ловат во 129 начини да најдеш сопруг.
Еве како изгледаат. Тој што ќе спречува некако најмногу влева доверба: