Списанието е МекКол, број од 1958. Таа што го нашла и го купила специјално заради најавата на насловната страница, вели дека особено ѝ е омилен советот „плачи во ќош, нека те праша што ти е“ затоа што и „пред три дена го има прочитано“. Од некои па, како „вози точак низ Европа“ или „заработи многу пари“ - нема зијан. Во основа, ова е долг список за како да губиш време, ама па, некои совети, ако хируршки им ја отстраниш агендата - за да се омажиш - се полни искуства, вработувања, комуникации и слично. Може па и тоа била намерата?
- Купи куче и шетај го.
- Нека ти се расипува колата на стратешки места.
- Оди во вечерно школо на курсеви каде што одат мажи.
- Придружи се на пешачки клуб.
- Прегледај го пописот за места со најмногу сингл мажи. Невада има 125 мажи на секои 100 жени.
- Читај некролози за да најдеш вдовци.
- Запиши се на голф и оди на различни терени.
- Оди на неколку кратки одмори на различни места, наместо на еден долг на едно место.
- Седни на клупа во парк и храни гулаби.
- Вози велосипед низ Европа.
- Најди работа во медицинско, стоматолошко или правно школо.
- Стани сестра или стјуардеса - стапките на бракови меѓу нив се многу високи.
- Прашај ги сопрузите на пријателките кои мажи се сингл кај нив на работа.
- Биди фина со сите - може имаат сингл брат или син.
- Најди владина работа во странство.
- Волонтирај за порота.
- Биди пријателски настроена кон грди мажи - во делата е убавината.
- Кажи им на другарките дека сакаш да се мажиш. Не го чувај тоа како тајна.
- Изгуби се на фудбалски натпревари.
- Немој да се вработуваш во компании што главно ги водат жени.
- Вработи се како продавачка на јадици во спортска продавница.
- Во авион, воз или автобус, не седнувај до жена, седни до маж.
- Оди на сите годишнини од матура или дипломска. Може ќе има вдовци.
- Не се плаши да се дружиш со позгодни од тебе. Може оставиле нешто.
- Врати се во родниот град - бесното дете од комшии може станало многу подобен ерген додека те немало.
- Не се дружи со девојка што нонстоп се жали и не ѝ дозволувај да те спушти на нејзино ниво.
- Промени го станот одвреме-навреме.
- Кога патуваш, спиј во мали хотели каде што е полесно да се запознаваат луѓе.
- Научи да сликаш. Намести штафелај пред инженерско школо.
А сега, како да направиш да те забележи:
- Сопни се кога ќе влезеш во собата каде што е тој.
- Заборави на пристојност понекогаш и јави му се.
- Носи кутија за шапки.
- Носи фластер. Луѓето секогаш прашуваат што се случило.
- Заработи многу пари.
- Научи неколку забавни приказни и научи да ги кажуваш добро - но немој да му ги раскажеш повеќе од еднаш.
- Пријди му и кажи му дека ти треба совет.
- Сè уште функционира да ти падне марамчето.
- Татко ти нека има купено карти за театар што не му требаат.
- Стои во еден агол и плачи тивко. Има шанси да пријде да те праша што е проблемот.
- Немој да треба да те влече за јазик да си го кажеш името следниот пат кога ќе се сретнете.
- Ако си во хотел, нека те викне некој вработен.
- Купи кабриолет. Мажите сакаат да се возат во кабриолети.
- Научи да печеш вкусни пити со јаболка. Донеси пита во канцеларија и ергените нека ја пробаат.
- Смеј му се на шегите.
- Ако има некој тивок меѓу мажите што ги познаваш, зошто да не му пријдеш? Можеби е скриен дијамант.
- „Случајно“ нека ти се отвори ташната и нека ти се истури по улица.
А сега, како да му изгледаш добро:
- Мажите сакаат да мислат дека се авторитет за парфеми. Прашај го за совет каков да купиш.
- Купи си поубави очила. Мажите знаат и на девојки со очила да се пуштат - или пробај леќи.
- Вежбај пиење со пријателките прво.
- Ако ја фарбаш косата, избери нијанса и држи се до таа.
- Носи главно штикли - посекси се.
- Освен ако не е понизок од тебе!
- Речи му дека е згоден.
- Грижи се добро за твоето здравје. Мажите не сакаат болни.
- Ако изгледаш добро во џемпери, носи џемпер на секој трет состанок.
- Облекувај се поинаку од другите девојки на работа.
- Изгори на сонце.
- Внимавај на речникот.
- Почни и диета ако треба.
- Кога си со него, нарачај непечен стек.
- Не му кажувај на што си алергична.
- Европските жени ги користат очите за предност. Вежбај во огледало.
- Купи големо огледало и убаво види се пред да се поздравиш со него.
- Смени ја бојата на хулахопките и шавовите нека ти бидат прави.
- Ако ти купи нешто, носи го.
- Користи пепелник. Не ги гаси цигарите во шолји за кафе.
- Внимавај како се претставуваш, научи да го правиш тоа грациозно.
- Не биди комплицирана.
- Држи се до моралните стандарди.
- Не кукај - девојките што кукаат не добиваат ништо.
А сега, како да го задржиш:
- Покажи му дека може да ти биде забавно на евтин дејт - ама не претерувај.
- Не им дозволувај на родителите да го третираат како потенцијален сопруг.
- Речи им да излезат кога ќе ти дојде на гости.
- Оди на двоен состанок со весел пар во среќен брак - нека види како е!
- На неговите другари кажувај им фини работи за него.
- Прати ѝ на мајка му роденденска картичка.
- Прашај ја за рецепти.
- Зборувај со татко му за бизнис и согласи се дека даноците се превисоки!
- На децата на сестра му купи им подарок повремено.
- На првиот дејт кажи му дека немаш намера да се мажиш!
- Не кажувај колку деца сакаш да имаш.
- Ако рибар, научи да чистиш риба.
- Не му кажувај сè за себе од старт. Нешто чувај во резерва.
- Кога се шетате, не инсистирај да застануваш на секој излог.
- Не му кажувај колку ти чини облеката.
- Научи да шиеш и носи нешто што сама си го направила.
- Не го озборувај.
- Никогаш не му кажувај дека е единствениот, дури и да треба да останеш дома една или две вечери неделно!
- Не се согласувај со сѐ кога се обидува да организира нешто.
- Додека сте уште тазе, најдете си омилена, ваша песна.
- Откриј кои се девојките што не ги оженил. Не ги повторувај истите грешки.
- Не ги дискутирај претходните дечковци.
- Ако си вдовица или разведена, не го дискутирај поранешниот маж.
- Биди флексибилна. Ако реши да не одите на танцување и да одите да веслате на езеро - оди, дури и да си најдотерана што може.
- Сокриј го фактот дека си членувала во сестринство на факултет.
- Претвори волци во материјал за мажење под претпоставка дека имаат чест.
- Оддолеј на нагонот да го смениш - барем пред брак!
- Научи каде да поставиш граница - но, грациозно.
- Остани наивна, но не и глупа.
- Нека ти биде домот удобен кога ќе се најави - големи пепелници, удобни фотелји.
- Научи да играш покер.
- Ако е богат, кажи му дека ти се допаѓа тоа - искреноста ќе го заинтригира!
- Никогаш не дозволувај да поверува дека кариерата ти е поважна од бракот.
- Купи му забавен или сосема прикладен подарок повремено. Но немој да биде прескап.
- Испрати му стрипче од весник што ви значи на двајцата.
- Не кажувај мрсни приказни.
- Доста си мамина ќерка - немој да мисли дека ќе има проблеми со твоите, иако знаеш дека ќе биде така!
- Истакни му дека стапката на смртност кај сингл мажи е двојно поголема од женети.
А сега, луди идеи:
- Запиши се на Јејл.
- Земи дозвола за лов.
- Ако мајка ти е дебела, кажи му дека си метната на татко ти. Ако и тој е дебел, кажи му дека си посвоена.
- Изнајми билборд и објави твоја слика и телефонски број.
- Напиши го името и телефонот на покрив од куќа и пиши „Sвонете ми, пилоти“
- Почни трач дека си многу барана.
- Оди на модерна плажа на пладне.
- Вози се со шатлот до аеродром и назад.
- Поткупи оператор на панорамско тркало да ве заглави најгоре.
- Стои на улица со ласо.
- Носи камера и побарај од непознати, згодни мажи да те сликаат.
- Замоли ја мајка ти да најде машки потстанари.
- Прави и продавај перики за келави мажи - лесно се фаќаат!
- Барај ко-сопственик за брод.
- Ако најдеш маж со стан, понуди се да му го средиш.
- Носи сајла за влечење во багажник.
- Нека се знае кај тебе на работа дека имаш прибор за шиење и дека на ергените ќе им ги шиеш копчињата.
- Не се мажи за него ако има премногу разлабавени копчиња.
Ете, сега знаете што морало да се преземе во 1958. Дали успеале да се омажат и какви бракови излегле после тоа - не знаеме.