Има 630.000 следачи и нејзината филозофија се состои едноставно во - реално прикажување на работите. Во денешно време се оди во екстреми за приказ на совршенство онлајн, ама Мејер чувствува должност на нејзините следачи да им овозможи увид фактот дека, да - сите имаме неуспешни, обични, ништо-посебно слики во телефон, само што некои од нас имаат можност, знаење или ресурси да ги направат подобро.
„Сакам да покажам дека сликите што повеќето ги гледаат на Инстаграм, особено од инфлуенсери не се никогаш реални,“ вели Мејер во едно интервју за Инсајдер.
Едно време се плашела дека ќе викаат дека е измамничка, но е пријатно изненадена од позитивните реакции.
„Ми се чини како да си го најдов гласот преку овој проект, и сакам да продолжам да градам заедница врз ваква позитивна порака.
А сликите… Па, како тие што ви се мотаат по телефон, еве, видете.
Лево - инфлуенсерка на фешн вик, десно - другарка ти кога бевте на викенд во Будимпешта.
Лево - совршена девојка со куче, десно - ти со твоето куче.
Лево - безвременска фотографија, десно - колешка ти од работа што те дави со „ела да видиш слики од Амстердам шо бевме“.
Лево - која е девојкава, десно - ти.
Овде и двете се добри, реално. Зависи што точно ти треба од фотографијата.
Лево - бохемиан принцеза во котиџкор, десно - ти кај баба ти во село со фустан од истата баба.