Робин Рајт од House of Cards:

Трамп ни ги украде идеите за 6-та сезона

„Јас сакам Мишел Обама да биде претседател. Можеби во 2024. Би била одличен женски кандидат. Треба време да се скрши калапот.“

Можеби е гадна во House of Cards, ама Робин Рајт моментално го промовира нејзиниот краток филм Dark of Night, чија што тема обработува нееднаквост меѓу половите. И како на еден куп американци (па и други), ѝ се гласа за Мишел Обама.

Во четвртокот, се обрати на публиката на настанот Women in Motion, на Канскиот филмски фестивал, и со алузија на сите пиздарии што ги прави нејзиниот лик Клер Андервуд со Френк Андервуд на Кевин Спејси во House of Cards, им рече: Трамп ни ги испокраде сите идеи за шеста сезона. Ова откако Трамп и неговата администрација се утепаа од мешање во животот и изборите на еден куп граѓани на Америка што не се хетеросексуални, бели мажи (како нив).

Жените послабо влегуваат во улога на режисери, и често со потешкотии успевале да добијат некакво признание во Кан. Но сепак, Рајт смета дека мрдаме од мртва точка. „Мислам дека прашање на време е кога ќе излеземе од тој филм и ќе отвориме перспектива,“ вели таа, потсетувајќи дека мора да се обрне внимание и на тоа што феминизмот всушност значи.

„Терминот доби едно подбивно, пејоративно значење. Феминизам значи еднаквост. Еднаква работа, еднаква плата.“

Рајт раскажува и за една аудиција кога имала 17 години. Отишла да ја видат, и пред нејзе, на самата аудиција, режисерот рекол: „Повеќе ми се свиѓаа цицките на другата.“

Не ѝ се јавиле.

Во меѓувреме, во некој друг дел од светот, Axe на шишињата од гел за туширање печати стрипче дека ако се избањаш со истиот, жени ќе чекаат ред за тебе. Ама тоа е друга тема.

 

19 мај 2017 - 12:58