Она што го прави спектакуларно вознемирувачко е што не е само за Алек и Хиларија Болдвин и нивните седум деца и осум миленичиња во нивниот петсобен стан на Менхетн. Не е ни глупавиот скандал на Хиларија околу културолошкото присвојување и лажно претставување. Го има тука и убиството и случајот против Алек Болдвин откако пукна од наполнет пиштол-реквизит на снимањето на Rust и ја уби кинематографката Халина Хачинс.
Дали The Baldwins е лош обид да се освојат симпатиите на јавноста? Веројатно да. Дали е креирано како никој да нема поим што се случи со семејството Госелин, или како денес се чувствуваат Озборн во врска со нивното шоу, па се нема проблем да се рекреира истиот модел? Исто така да.
Но, ѓаволот е во деталите. Исто така е можно да е една чувствителна варијација на овие теми. Можеби е внимателно прикажување на луѓе што се и самите жртви на ранливоста и каприциозноста на животот. А, можеби е и токму така како што изгледа: Обид да се среди јавниот наратив со тоа што ќе се прикажеш како транспарентен. Пилот-епизодата има тешка задача, а има само 40 минути простор.
Го има на Max.
Хаос е.