Рита Хејворт е една од многуте актерки во Стар Холивуд со низа несреќни бракови. Била срамежлива и многу поинаква од фам фатал-ликовите што ги играла и често се цитира нејзината изјава „Мажите одат во кревет со Гилда, а се будат со мене.“
Една од најславните нејзини врски е со Орсон Велс - биле во брак од 1943 до 1947. Велс има зборувано за нејзината болест, што во моментот додека биле заедно личела на алкохолизам.
Хејворт подоцна добива дијагноза за Алцхајмер и нејзиното семејство смета дека прекумерната употреба на алкохол ги маскирала раните симптоми.
„Секако имитираше алкохол на сите површни начини... Имаше бесни епизоди, никогаш кон мене, никогаш само еднаш, секогаш на (главниот на студиото) Хари Кон, или татко ѝ, мајка ѝ, или брат ѝ,“ се сеќаваше Велс. „Знаеше да го искрши целиот мебел, па да влезе во кола, па да морам да влезам во кола со неа и да пробам да ја исконтролирам. Возеше нагоре по ридовите самоубиствено. Ужасни, ужасни ноќи. А, јас само гледав една прекрасна девојка како се уништува себеси.“
По некое време, налетува на неа на некој настан:
„Кога заврши, отидов до нејзината маса и видов дека е многу убава, многу одмерена, и прво не ме препозна. После четири минути разговор, можев да видам дека сфати кој сум и почна тивко да плаче.“
Според биографијата за Рита Хејворт на Барбара Лиминг, Хејворт времето поминато со Велс го сметала за најсреќно во животот. Велс заради ова чувствувал вина: „Ако тоа беше среќа, замислете како било сè друго.“
Хејворт почина во компликации предизвикани од Алцхајмер, а вечерта пред да умре, Велс се сетил на неа како „една од најмилите и најдобрите жени што некогаш живееле.“