Светот се заморува од сочувствување

„Преплавени со фотографии што до скоро нè шокирале и предизвикувале индигнација, го губиме капацитетот за реакција.“

Јулија Тимошенко има 22 години и сега живее во Лвив, откако избегала од Киев поради руската инвазија. До сега, има добиено безброј пораки за подршка на Инстаграм, додека го документира животот за време на војна во Украина.

Но, загрижена е дека тоа наскоро ќе се смени.

„Колку повеќе се нормализира смртта, сиот тој хорор што го гледаат, толку помалку нагон ќе чувствуваат да помогнат,“ вели таа. „Загрижена сум дека луѓето ќе изгубат интерес… И ќе почнат на ситуацијата да гледаат од аспект на емпатија.“

Нејзините стравови не се неосновани, бидејќи додека трае војната, луѓето од далеку гледаат и на социјалните мрежи објавуваат дека „премногу им доаѓа“, дека се чувстуваат анксиозни и без моќ нешто да сменат.

Сузан Сонтаг рече,

„Преплавени со фотографии што до скоро нè шокирале и предизвикувале индигнација, го губиме капацитетот за реакција.“

Ова што Сонтаг го кажува има име: се вика „умор од сочувство“ - состојба која се одликува со емотивна и физичка истоштеност, што води до намалена способност за емпатија и сочувство кон другите. Терминот е скован во 1992, во контекст на медицински работници, кои изложени на траума можат самите да развијат здравствени проблеми, а пациентите да дојдат до полоши резултати. Но, се однесува и на популацијата што живее во време на сеприсутните социјални мрежи, да се опише чувството на презаситеност со потресни сцени што доведува до психичко затапување.

Зборот „траума“ стана и популарен последниве неколку години - се користеше лабаво, и поедноставуваше комплексни проблеми. А во Украина имаше и интервенции, особено од страна на славни личности и инфлуенсери што пак на крај излегоа „без осет“, во најмала рака. Но, пренесена траума може да има сериозни последици. Всушност, има истражувања кои покажуваат дека медиумска изложеност на колективна траума се поврзува со акутен стрес и симптоми на пост-трауматски стрес. Причината што ова е потребно да се препознае нема врска со себичност - кога ќе се вгнезди тој умор од сочуство, ни се нарушува способноста да помогнеме и стануваме кратковиди за размерот на ужасот кој се случува.

„Да се лечи уморот од сочувство“ не треба само со чување на сопствениот мир. Сочувството по дефиниција е активна, не пасивна работа. Сонтаг пишува,

„Сочувството е нестабилна емоција. Треба да се преточи во акција, или ќе овене. Ако човек се чувствува како да не може ништо да направи - станува циничен, апатичен и му е здодевно.“

30 март 2022 - 15:58