Сто години венчаници

Си ги презакажавте свадбите уште еднаш?

Додека се менуваат датуми за веќе закажани свадби, а голем број парови решаваат да го тргнат и тоа од список со по еден сведок во матично „и аман више“, може и не е баш умесно да правиме лиги со венчаници, ама па, ова е историска студија. И после студирање на видеото спремно со примери од 1915 па наваму, би можело да се каже дека секоја декада имала по нешто убаво.

Освен, се разбира, како и секогаш - ‘80-те:

Како и да е, можеби ќе ви послужи како инспирација ако уште не сте решиле како тоа ќе ви изгледа. Флаперскиот невестински фустан од ‘20-те е одлично разбивање монотонија од сите дизниевски со огромни тулови, а тој со наметката од ‘30-те можеби тогаш бил вообичаен и очекуван, но денес би бил авангарда - до тој степен што примеси од тие два можат да се забележат и во тој од 2015.

Ви држиме среќа да заврши ковидот побрзо и да си се дотерате.

4 декември 2020 - 11:15