Продавница за стари работи во Белгија наоѓа стар фото-албум каде што една жена позира до најголемите холивудски ѕвезди. Споделуваат неколку фотографии онлајн, па луѓе се воодушевуваат, па ги споделуваат на крај сите.
Од продавницата не знаат ни како стигнал албумот до нив, но се сигурни дека не е предмет од кој некој намерно би се ослободил. Што значи, украдено, или немало кој да го наследи.
Иако личи како сите да ги има викнато на кафе и слатко кај нејзе дома, мистеријата набрзо се решава - се работи за Марија Сноејс Лаглер, поранешен член на Холивуд Форејн Прес, непрофитна организација за новинари и фотографи што известуваат за индустријата. Има околу 90 членови од околу 55 земји и тие всушност ја спроведуваат церемонијата за доделување на Златни глобуси секоја година.
Ама, нели е позабавно да се мисли дека сите сликани всушност нејзе ја барале за сликање? Видете каков стајлинг е тоа.
Царица.
Како на слава од ‘90-ти!
Роберт Дауни Џуниор сликан како да е сега дојден со цвеќе и бомбоњера, и сликан тука, во ходник. И Сем Нил како домашен.
И Хелен Хант како снаа.
Или, ако сте се прашале како би изгледал Џек Николсон во тотално југословенска ситуација.
И Дру Баримор и Тим Рот како студенти од внатрешноста:
Со Дензел на викендица.