Ви текнува кога пишувавме дека после Икеа ташната, Баленсијага се закачи да копира и да продава копија од торби што се продаваат во сувенирници во Њујорк?
Е па, во јули, компанијата што ги продава, City Merchandise, Inc., ги тужеше Баленсијага дека им го украле целиот концепт за овие производи што можат да се најдат во продавници за сувенири и подароци низ Њујорк.
Луксузната копија на Баленсијага, со наслов „Шарена њујоршка торба за пазарење” е дел од нивната колекција Resort 2018 и чини скоро 2000 долари.
Во документите, City Merchandise наведува детали околу сличностите меѓу „нашето и нивното”, односно „весели слики и аранжамани, компилации или колажи, перспективи на скајлајн, објекти или елементи, комбинации на бои и сенчења, истакнувања и граници, форми и величини”.
Баленсијага одговори, накратко „како па да не.”
Поточно, се брани дека City Merchandise не може да бара права и дека тоа што го продаваат не може да се заштити, како „израз што е scènes à faire, неоригинален, стандарден, вообичаен на одредена тема.”
Scènes à faire инаку е правна доктрина која одбива заштита на авторски права, за нешто што е неоригинално и не може да се заштити.
Поточно, Баленсијага тврди дека небото на Њујорк на производите на City Merch е стандардно за градот, со оглед на тоа што Статуата на слободата, Емпајр Стејт Билдинг и Фридом Тауер се прво што ти паѓа на памет кога ќе го спомнеш. Затоа и тврди дека делата на City Merch не можат да се заштитат.
И си ги продава грдите ташни и понатаму.
А точно знаеш дека, така опседнати со поп и грдо, намерно се имаат закачено за тоа. Ама ајде.