Современици сме на „Авокадо Кафе”, ви се верува?

Инстаграмџиите ги преминаа сите граници.

Цели региони се тероризирани од страна на луѓе што ја прават истата фотографија како и милион други, за да ја наметнат својата индивидуалност и да го изградат личниот бренд онлајн. Има ли воопшто безбедна зона?

Мораме да разговараме за забранети зони. Екстремистички енклави излегуваат насекаде низ светот и уништуваат маала. Разулавени толпи од инфлуенсери се собираат по вакви места, тероризирајќи локалци додека се борат да го фатат совршениот кадар. Цели делови од Нотинг Хил во западен Лондон, на пример, се нападнати од милитантни Инстаграмџии кои сега ги користат сликовитите улички како нивни студија на отворено. Во Париз, инфлуенсерите се ашкаат покрај пастелно-обоените куќи на Ру Кремие, третирајќи приватен имот како реквизити. Еден град во Калифорнија мораше да забрани туристи откако илјадници луѓе се пуштија по полиња со афион за да го овековечат цветањето.

Никаде не е безбедно.

Не се сите Инстаграм-фанатици опасни, се разбира. Некои незабележливо се интегрираат во општеството. Но, има опасна фракција на добро-организирани радикали намерачени исклучиво на инстаграмифицирање на секој детаљ од животот.

Што е тоа што го прави едно место вредно за Инстаграм? Помагаат на пример, светли бои. Калдрмите секогаш носат лајкови. И нема нешто што инфлуенсерите повеќе го сакаат од уметнички среден ѕид. На една апликација, се вика Depalo, која на Инстаграмџиите им ги собира сите најинстаграмливи места во Америка (а има намерно и глобално да се прошири), има категорија: „Каде е ѕидот?” Содржи и ствари како „Авокадо Апетит Кафе”, се наоѓа во Њујорк и е прв, но не и единствен Авокадо кафич таму.

Сто посто има и баш кафе со авокадо и господ знае колку е тоа гадно.

Селфијата станаа посмртоносни од ајкулите

Сега живееме во време кога со сигнализирање статус со скапи додатоци добиваме социјална валута. Со документирање на внимателно избрани, многу филтрирани искуства онлајн си го оформуваме физичкото опкружување. Инстаграм влијае на начинот на кои архитектите осмислуваат згради, на пример, и на начинот на кој го уредуваме просторот. Нè доведе до екплозија од поп-ап „Инстаграм музеи” како Фабрика на боите, Музеј на сладоледот и Музеј на гомната. Социјалните мрежи го менуваат и начинот на кој гледаме на сопствените тела: лекарите веќе известуваат дека сè повеќе млади доаѓаат на операција за да изгледаат како нивните многу филтрирани селфија. И нели, новопронајденото славење на ѕидови. Нели е капитализмот прекасен?

-Арва Мадави, Гардијан

5 јули 2019 - 14:38