Совети за плажа од сенегалска сурферка

Затоа што, кој би знаел подобро?

Кога ќе помисли човек на сурферка, одма пред очи му излегуваат оние плавооки, потементи од сонце, ултра-згодни девојки во неопрен, со даска под мишка и шатирана (или од сонце стратешки осветлена) коса.

„Често го врзуваме сурфањето со австралиски или калифорниски девојки,“ вели Јодит Еклунд, основач на Bantu Wax во Сенегал, сурферски бренд со мисија да ги искорени стереотипите за имиџот на сурферите. „Во Дакар, сурфам со деца што научиле да сурфаат пред да научат да пливаат; во Мароко има многу религиозни луѓе, но излегуваат од традиционалната облека и облекуваат костим, и доволно се фини да ти отстапат бран. Има многу сурферки од многу различни племиња.“

 

A post shared by Bantuwax (@bantuwax) on

Порасната е на релација Гана, Судан, Брегот на слоновата коска и Калифорнија и поминува неброени часови на плажа. „Одам на плажа барем пет пати дневно во Дакар, но не сум тип што само ќе лежи – сакам да бидам активна.“ И колку и да е храбра кога се работи за бранови, пристапот кон кожата ѝ е помек.

 

A post shared by Bantuwax (@bantuwax) on

Вели „Солта знае да ти направи бељи и на кожата и на косата,“ нешто што сите го знаеме, а и да не ни е до крај јасно, секое лето сите списанија, портали и слични публикации од петни жили се трудат да нè потсетат, што од пригодност, што од што дерматолозите што ги консултираат не запираат на темата.

И затоа:

Не штедете на средство за сончање.

„Жените во Африка не обрнуваат внимание на ова, а СИТЕ жени треба да внимаваат. Да не забораваме дека Боб Марли почина од меланом.“ Јодит сака да користи средство за сончање што си го купила од Етиопија и се вика Тила. Оф корс, не знам колку од нас ќе успеат да се дофатат за истото, ама поентата е таа: не туку се фурајте дека не горите и не ви треба ништо.  Шлапајте се со крем со УВ-заштита како да ви е последно.

Плетенки, за одржување на косата

Јодит, од проста причина што е од Сенегал, има виткана и густа коса и кога оди на плажа, оди со 2-3 плетенки. Така нема да и пречи додека сурфа и прави што и да е друго што се прави на плажа, ама финтата е во нешто друго. Кога косата ти е во плетенки, можеш да и ставиш било какво средство за лечење (маска, регенератор, масло) и тоа да си остане внатре. Така, без разлика што си на плажа и косата по правило треба да ти гори – нема (до толку). Не боли ни да и истуриш од тоа што го мачкаш по тело, во недостаток на идеја.

СЕКОГАШ слушајте си ја кожата

Некогаш кожата вика „нејќам“, и тоа е кога ѝ ставате нешто што не и одговара. Според Јодит, треба да испробате производи и да терате со тој што ја прави најубава и најзадоволна. Таа става масло од баобаб што се продава во Дакар, а вие, додека не најдете масло од баобаб во аптека или супермаркет, одете со тоа што се покажало како најдобро. Барајте нешто со арган, вишна и бадемово масло. Ако е добро за сурфер од Сенегал, добро е и за вас. И не заборавајте да се мачкате и после плажа.

Хидрирајте од внатре

„Тоа што го јадам и пијам е многу важен дел од мојата рутина за убавина. На плажа пијам многу вода заради кожата и косата, и многу е паметно да се јаде овошје. И ако заборавам да си донесам овошје на плажа, секогаш има некој што продава свежо овошје.“

Или тоа, или на плажите кај што ве има, секогаш има кафич каде што се продава вода и овошна салата, на пример.

Не мора шминка, ама зашто да не парфем

„Не претерувам со шминка, па правилата за нега на кожа ми се уствари правилата за убавина. Но ако носам шминка на плажа, обично е молив за очи (јес!). Le Crayon Kôhl на Шанел останува на очи цел ден. А ако воопшто се размачка, пак е добро, и делува како смоуки. И сакам да носам парфем на плажа.“

Ако веќе сакате парфем, овде кажуваат зошто баш парфем, а не тоалетна вода.

И вечното: наоружајте се со самодоверба

„Да си на плажа секој ден, значи да си нонстоп во купачи. Порано се срамев, но потоа ми стана јасно дека кога бркаш бранови цел ден, мораш да бидеш самоуверен. Мене тоа ми значи да бидеш здрав и среќен. Имам тренер во Дакар со кој што работам на плажа два пати неделно. И луѓето се многу посветени на тоа. До 6 попладне целиот град е надвор, со спортови или вежбање. Неверојатно е, затоа што гледаш луѓе во секакви форми, возрасти и социоекономска позадина како вежбаат еден до друг.“

Сосема поинаква култура од нашето седење во кола, проаѓање покрај некој што џогира и обавезно коментирање „шо трчате бе, блесави.“

30 јуни 2017 - 10:52