34-годишниот супермодел не ги крие промените од втората бременост (со близнаци). Има нова слика од целото тело, а со фановите споделува дека и сопругот е воодушевен од нејзиниот физички изглед.
„Џастин вели дека стриите ми се како дрво на животот,“ пишува во објавата.
На фотографијата е гола, во бањата, со акцент на лентите преку стомакот. Има уште една верзија на стори, но она што привлекува внимание се коментарите на објавата, од луѓе воодушевени од коментарот на сопругот и од потсетувањето дека - стриите се нормална работа, особено кога си втор пат трудна и тоа со две.
Греам отсекогаш е отворена во врска со нејзиното патување и „растењето“ заедно со двете бебиња - во Јутјуб видео сподели дека сфаќа и колку брзо ѝ се менува и ѝ расте телото и колку свесни одлуки треба да носи секој ден за да одржи баланс што ѝ одговара.
„Многу научив, без разлика што е втор пат, за моето тело и она што ми е потребно да го одржам и него и умот, само заради дечкиве внатре,“ вели таа.