Да има некој таков во Хрватска, кога би се открило и би се докажала вината, би одлежал меѓу нула и нула години. Жените што би го пријавиле, би морале под хипотека да ја стават куќата на нивните родители за да платат оштета за навреда и клевета. Во Хрватска угледните професори, лекари и останати моќници не силуваат. Кога некоја жена ќе ги обвини за нешто такво, многу брзо се покажува дека е „курва“ и дека на колена го молела професорот, докторот и сите останати да ѝ го стават, што погрубо, тоа подобро. Образованите луѓе овде знаат дека најголемиот хрватски книжевник на сите времиња, Мирослав Крлежа, рекол дека прочитал дека „жените за време на силувањето доживуваат најсилен оргазам.“
Затоа, силуваните Хрватици, за разлика од Србинките - ќутат. Не ќутат? И тие се јавиле деновиве? Се јавиле, ама како. Јас сум силувана, и јас сум силувана, и јас сум силувана, и јас, и јас, и јас, и јаааааааас… Па, се јави некоја што упатува апел на силуваните што уште не се јавиле - јавете се, силувани, „анонимноста ви е загарантирана“.
За што се работи овде? Што може силување да ѝ направи на една жена знае секоја од нас, затоа што секоја од нас била силувана. Една во школо за глума, друга во грмушка, трета на биро кај шефот, милиони по дома. Не е некоја фора да признаеш дека си била силувана, заеби тоа, кажи, девојко, КОЈ те силуваше. Кажи, девојко, како се вика свињата. Е, тука се Хрватиците многу воздржани. Нив ги силувал Некој Непознат.
Дали тоа сожалително оговарање после силувањето е вистински начин да се избориш за достоинство? Така нема далеку да стигнеме, драги мои. Заеби кукање. Девојки, излезете со имињата на злосторниците. „Загарантирана анонимност“ е само повик за силувачите повторно опуштено да го извадат и да го увалат.
Да не мислите дека не ве сфаќам, ќе ви раскажам една приказна. Кај нас во Ријека работи хирург што силуваше докторка, таа мораше да ја напушти земјата. На една медицинска сестра за време на визита во болничка соба ѝ рекол дека „ќе ѝ го начука“, го пријави, доби и интерна спогодба, денес работи во Германија. Една докторка на стажирање, што заспала на столица за време на ноќно дежурство, ја разбудил шлапајќи ја со гол кур по лице. Името му се влечеше по весници и портали, не ја изгуби ни работата, ни угледот затоа што е „одличен хирург“. Според мене, пресуди тоа што живееше во Хрватска. Се разбира дека такви приказни од хрватскиот живот обесхрабруваат, ама еднаш мора да се тргне напред. Вие, јас веќе не сум во игра. Единствено што можам, и тоа правам, е секој ден на внука ми да ѝ ја кажувам вистината за мажите.
Имиња, девојки, изговорете ги имињата на злосторниците. Мислите дека на српската глумица Милена Радуловиќ ѝ било лесно пред да одлучи да каже јавно нешто што одамна било познато?