Сите лица на „Амадеус“

„Амадеус“ излезе во 1984 - базиран е на драма од Питер Шефер од 1979, која пак е инспирирана од драмата на Пушкин, „Моцарт и Салиери“ од 1830.

Во неговата автобиографија „Почеток“, Кенет Брана вели дека бил еден од финалистите за улогата на Моцарт, но не го ангажирале откако режисерот Милош Форман решил да работи со американска екипа.

Марк Хамил кој го има заменето Тим Кури на Бродвеј како Моцарт, исто така се сеќава во едно интервју дека читал заедно со многу актерки што доаѓале на аудиција за Констанц, сопругата на Моцарт, но не ја добил улогата затоа што Форман мислел дека публиката ќе го гледа како Лук Скајвокер.

Том Хулс, човекот што конечно ја добива улогата и што го знаеме денес како Моцарт, ги искористил испадите на Џон Мекенро како извор на инспирација за да го одигра непредвидливиот гениј на Моцарт. Пред да почне снимањето, знаел само да свири на гитара, па Форман, иако знаел дека можат да лажираат, му рекол да научи пијано, и тоа секоја симфонија што ја има во филмот.

Иако не се потврдени историските извештаи дека вистинскиот Моцарт имал иритантно смеење, Хулс го создава кикотот откако Форман му побарал да смисли нешто „екстремно“.

„Никогаш не сум можел да го извадам тој звук, освен пред камера,“ има изјавено Хулс. „Девет месеци подоцна не можев. Морав да му влезам во приватниот шанк на продуцентот и да најдам виски за да го изведам.“

Смеењето го „позајмил“ од еден познат режисер со кој работел што исто така се смеел и до денес не кажува кој е режисерот.

Ф. Муреј Абрахам прво се пријавил за малата улога на Росенберг. За време на аудицијата, Форман му побарал да го прочита и Салиери и толку било добро, што веќе го намислил за улогата, ама намерно се спречил пред да каже „твоја е“ затоа што знаел дека ангажманот ќе му се поклопи со „Скарфејс“. Почекал да заврши со снимање, па му кажал. Потоа, му побарал уште аудиции, но Абрахам одбил, што пак го убедило Форман дека треба да го ангажира, сметајќи дека „тој е добар актер ако нема паузи меѓу снимање“.

18 јуни 2024 - 12:21