Што значи „Скали ефект“?

Терминот доаѓа од името на Дејна Скали од „Досиеја Икс“, лик што инспирирал генерации жени да се одлучат за кариери во наука, технологија, инжинерство и математика.

Една студија на компанијата 21 Century Fox и институтот Џина Дејвис има испитувано дали ликот на Дејна Скали, која ја играше Џилијан Андерсон, инспирирала жени да се бават со СТЕМ професии и дали ја гледале како пример. Резултатите покажале дека 63% од жените изјавиле дека Дејна Скали им ја зајакнала самодовербата да успеат во професии каде што доминираат мажи, а 91% од испитаничките сметале дека Скали е пример за девојките и жените.

Џилијан Андерсон има изјавено дека се изненадила од ефектот што го постигнал нејзиниот лик:

„Често добивавме писма каде што девојки ми пишуваа дека се одлучиле за медицина, наука или ФБИ, благодарение на ликот.“

Во заклучоците од истражувањето се наведува дека е забележливо спротиставувањето на родовите стереотипи. Најчесто употребуваните зборови да се опише ликот биле „паметна“, „интелигентна“ и „силна“. Препораките се да се зголеми контрирањето на стереотипите со претставувањето на ликови поврзани со СТЕМ: Меѓу факторите кои придонеле кон родовиот јаз во овој случај е стереотипот на „осамен, луд, научник во лабораториски мантил и најчесто социјално неспремен белец.“ Токму ова го помага уверувањето дека науката е машка работа, што го имаат многу деца, адолесценти и возрасни.

А, Дејна Скали не беше ни маж, ни луда, ни во лабораториски мантил:

10 јануари 2025 - 00:00