На пример, конечно и жените можат да користат двоглед, за да гледаат далеку, исто како мажите. Фала богу, затоа што до сега, само црни и маскирни имаше, па никако не можевме да видиме ништо.
Ама оваа грицкалица за нокти - НЕ. Убаво си пишува, „негово“, и женските деликатни нокти не смеат да ѝ се приближат, или многу тешко ќе им се види.
Исто така, како што мажите со векови можеа, сега и жените можат да повикуваат духови. По можност женски, затоа што машките може да не сфатат дека им се обраќаш, дека розево.
Ама, јагодата е овошје! НЕ Е МАШКО ЛАБЕЛО. ЖЕНИ - СТОП. Балзам за груби машки усни што ределе цигли, и тоа не таму со некои мирифчиња и вкусчиња, туку БРЕ, ТЕМНО ЧОКОЛАДО СО РУМ.
Исто така, сега и жените можат да поседат малку во тишина, и да одморат од сопствениот крекав глас:
Само да не им текне да користат од овие МАШКИ марамчиња. МАШКИ СЕ.
Ако сакаат да готват, жените можат да ѕирнат во ова слатко куварче со розеви точки:
Ама само ако им текнало да ја користат оваа тава лепена со тестостерон и кована во солзите на некој што се осмелил да им противречи на нивните посилни половини:
Ако ти побара девојката мастика и имаш само од овие горниве, што ќе правиш?
Или ако одиш на ергенска вечер и по грешка има само од сладоледот подоле, исто - што ќе правиш?
За жени има женски мусли бар:
За машки има мажествен, лут сос:
И за дејтови на Св. Валентин мислел ресторанов:
А продавницава мислела и на желбата жените да имаат светкави, розевкасти „стварчиња“ за заштита, инаку како ќе се заштитат? Ако е црно, може нема да знае да го користи.
Фала богу па, мажите конечно ќе можат да се чувствуваат мажествено кога ќе закачуваат алишта во плакар. Барем додека не се оженат, после има кој ќе закачува:
Дури и библија за жени има, за полесно да разберат:
Затоа што, оваа може да им се види тешка. Сепак е опасна Библија за машки деца. САМО ЗА МАШКИ!
Ако ви се пие чај, жени, можете еден ваков женствен:
Ама немојте да се мешате во машки работи - како на пример машката верзија на Мимоса: Сѐ исто како во женската, само сервирана во кригла, како не би настрадала епската мажественост:
И да не сте го пипнале омекшивачов:
И немој да ви текнало вакви влажни марамици да користите:
Ете, сега знаете кај ви е местото.