Што научивме за 40 години?

Кога ќе ги прашаш за рамноправност, жените веднаш се фаќаат за преголемиот товар од обврските на двете работни места - на работа и дома.

Анкетата е емитувана на ХРТ во 1980-та, (значи, пред 40 години), а на прашањето дали се жените рамноправни со мажите, одговорот е многу сличен со она што би го начекале денес во полу-урбана средина. 

Да, (и како што ќе рече една од испитаничките) на хартија сме навистина рамноправни, ама доволно е само да ѕирнете во мраковите на македонскиот Фејсбук, за да ви стане јасно дека 40 години не ни биле доволни да еволуираме од еден мајндсет. Баш минатата недела споделивме видео во продукција на Гардијан, каде што пет жени објаснуваа зошто нема да раѓаат, а на Фејсбук (очекувано) дојдовме до:

Одличен гиф, сепак.

Исто и:

Поточно, демократски гледано - ова се мислења, а реално гледано, ова сепак спаѓа во категорија „берење туѓо гајле“.

Е, со вакви работи се мафтаат жените на Балкан, плус обврски дома и со деца и фамилија, а кога ќе ти светне датумот (март, 1980), сфаќаш дека ништо не сме научиле. Останува само да шириме свест дека да мислиш дека само жената е одговорна за децата и домот, а мажот едноставно има попаметни работи е во најмала рака - сељачки.

20 јули 2020 - 15:12