Како дел од онлајн серијал на Гардијан, пет жени дискутираат за нивниот избор да не се остварат како мајки и зошто е тоа сосема во ред.
Социолошки, сѐ уште постои стигма и на жените без деца се гледа како на луѓе на кои нешто им фали - од општеството зависи дали тоа значи „им фали дете“ или „им фали мозок“. Кај нас е често второво.
Ги викаат себични и нарцисоидни, што е малку чудно со оглед на тоа колку често како мотивација за креирање потомство се слуша „ЈАС да бидам мајка“, или „кој ќе те чува кога ќе остареш“ или „Не сакам да завршам сама“, а всушност се работи за еден обичен избор на личности што едноставно не чувствуваат потреба за движење на животот во тој правец. Особено во време кога за жените постојат толку многу опции и слободи - кариера, патување, друштво, врска, избор, исполнетост и доволност на самите себе.
Sирнете: