Што можеме да научиме од грешките на Кристин Дејвис

Неодамна пишувавме за филерите на Шарлот од „Сексот и градот“, не толку од естетска гледна точка, колку од човечка, и како луѓето никако не простуваат стареење во јавност.

Нејзините филери за волја на вистината, стварно не ги биваше, но тролањето онлајн беше друга приказна и Дејвис изјави дека се чувствувала анксиозна и засрамена.

„Сум ставала филери и било добро, па сум ставала пак и било лошо. Морав да ги поништам и ме исмеваа беспоштедно. И имам плачено поради тоа. Многу е стресно. Луѓето нè обвинуваат нас кога нема да успее, а докторите се тие што боцкаат.“

Сепак, за оние под притисок да останат младолики, а особено за луѓето чија професија зависи од тоа, постојат и други решенија. Луѓето веднаш се фаќаат за ботокс и филери, но бидејќи стареењето значи многу повеќе од брчки, експертите предлагаат поинаква патека.

И не очекувавме дека сме слушнале за тоа, и тоа години пред филерите.

Лифтинг.

27 јули 2023 - 15:37