Шарлот од „Сексот и градот“ сега има 58 години и за Пејџ Сикс раскажува дека никако не се снашла со троловите на интернет што ја направиле партал поради одлуката да стави филери.
„Тешко е да си нонстоп соочен со помладата верзија од себеси,“ вели таа. „И предизвик е да се свестиш дека не мораш така да изгледаш. Интернетот сака, ама и не сака. Контрадикторни се.“
Вели дека во светот на козметичките процедури прво влегла со ботокс, но потоа долго време ништо не направила.
„Сум ставала филери и било добро, па сум ставала пак и било лошо. Морав да ги поништам и ме исмеваа беспоштедно. И имам плачено поради тоа. Многу е стресно. Луѓето нè обвинуваат нас кога нема да успее, а докторите се тие што боцкаат.“
Откако излезе „И едноставно така...“, луѓето не затнаа. Дури и Сара Џесика Паркер ја излудеа до степен да каже „Ако не па, да исчезнам дека сум ви стара?“
„Не знам што да ви кажам луѓе. Особено на социјални мрежи. Сите имаат нешто да кажат. Или имаш многу брчки, или немаш доволно брчки. Како да не сакаат луѓето да сме сосема океј со тоа какви сме, како да уживаат да нè боли за тоа какви сме денес, дали ќе бираме да старееме природно и да не изгледаме совршено, или ќе правиме нешто ако тоа ни предизвика да се чувствуваме подобро.
Знам како изгледам. Немам избор. Што да правам? Да престнам да стареам? Да исчезнам?“
Дејвис вели дека откако ги ставила лошите филери, никој долго време не ѝ кажувал дека не ги бива, додека другарките во еден момент решиле да споделат.
Дури и наравоучение ќе извлечеме. Не ги пуштајте другарките долго да шетаат со лоши филери. Другарски е да се каже.