Што може да се научи од една година без обврски

Уметницата Малика Фавре на 31 декември, 2022 година решава да земе цела година одмор од работа, да не планира ништо и да носи одлуки врз основа на разговор со непознати. И без посебен ред, нуди 55 мудрости што ги има научено во таа година. Досега има објавено триесет и една.

  1. Сам во природа можеш да разговараш со себе, да викаш, да врескаш, да се смееш, да пееш, да танцуваш и да бидеш чудак. Во град, мораш да платиш за овие активности, што се прават во специјалнои простории, што се викаат пабови, ноќни клубови и караоке клубови.
  2. Без разлика каде бев во светот, сепак бев љубоморна на туѓите животи на Инстаграм.
  3. Дванаесетчасовно патување со воз е секогаш подобро од еден час со авион.
  4. Повеќето луѓе ќе изгледаат студено и непристапно додека не прозбориш со нив и не сфатиш дека речиси секогаш се навистина такви.
  5. Откако ќе се сместиш во оддалечено место, без да имаш што да правиш неколку дена, доаѓаат идеи.
  6. Општиот поглед што го имаш на животот ќе варира во зависност од локацијата. Колку повеќе ја менуваш, толку повеќе се предомислуваш за тоа кој си и што сакаш.
  7. И покрај дигиталната револуција во последните 30 години, телефонски повик е сè уште најефикасен начин да се решат повеќето работи.
  8. Мажи што играат билијард голи не се убава глетка кога ќе се наведнат над масата.
  9. Слушање добра песна додека зјапаш низ прозорец од воз било и секогаш ќе биде одлично.
  10. Ми фалеше да имам ателје каде што ќе можам да избегам кога нешто не ми одеше од рака.
  11. Ако спиеш на интересни и оддалечени места, среќаваш интересни луѓе. Ако спиеш во здодевни хотели, во гужва во град, нема.
  12. Американските мажи во барови во мали гратчиња зборуваат во добро навежбани фрази, наместо да формираат нови реченици.
  13. Да не знаеш што правиш и да се оставиш да плуташ во непозната авантура е истовремено ослободувачко и застрашувачко.
  14. Има повеќе заедништво на тешко достапни места.
  15. Ми недостасуваше чувството на завршување проекти и ослободување дела во светот.
  16. Да гледаш како испукува пинг-понг топче од вагина не е еротски, туку е како да гледаш научен експеримент.
  17. Да не се плашиш да поставиш глупави прашања е многу важна вештина кога патуваш сама.
  18. Ако не уживаш некаде, не прави импулсивна одлука да си одиш веднаш. Седи уште 24 часа и можеби ќе ти се види местото сосема поинакво. На истиот начин, ако останеш некаде предолго, може да ти се смачи. Се работи за баланс.
  19. Кога си сам(а), тротоар, бетон, цигли и стакло не се добро друштво. Дрвја, полиња, песочни дини, планини, инсекти, птици, животни и море се брилијантно друштво.
  20. Многу полесно се крши закон ако луѓето околу тебе кршат закон.
  21. Фино е да се трошат парите додека си жив, наместо константно да штедиш за несигурна иднина.
  22. Кога си сам(а), градовите можат да направат да се чувствуваш осамено и нецелесно, но оддалечена природа може да направи да се чувствуваш цел(а).
  23. Пешачење гола, слушајќи подкаст во област каде што има ѕвечарки е опасно и не треба да се прави.
  24. Ако се прашуваш што правиш и имаш момент на сомнеж во себе, ако налеташ на непознат што прави нешто слично, може да добиеш потврда дека си на прав пат.
  25. Ако се вратиш на место од минатото и едвај го препознаваш, понекогаш не е затоа што местото се променило, туку затоа што ти си се променил(а).
  26. Една од најтешките работи кога немаш одговорност и немаш што да правиш цела година е да не пиеш алкохол постојано. Јас пиев многу чај.
  27. Непознати многу сакаат да ти даваат совети за патување, без да знаат едно нешто за тебе.
  28. Самодовербата и ентузијазмот да направам големи промени во животот достигнаа врв кон половината на годината и бавно се намалуваа како што се приближував кон крајот.
  29. Нешто што ми се допаѓа во шетањето сам по крајбрежни патеки е дека не постои детаљ што ќе ти каже во која деценија си. Ужасите на современиот живот не постојат.
  30. Погрешна одлука е подобра од никаква одлука.
  31. Препорачувам да се посети Азија ако уживаш да слушаш Колдплеј и Боб Марли.
15 јануари 2024 - 13:22