Што ќе се случи ако престанеме да се тушираме?

Некои од нас никогаш нема да дознаат... Некои, за жал, веќе имаат и почесен докторат.

Во последно време научивме дека некои славни личности едноставно не се тушираат толку колку што ние би сакале да мислиме. Мила Кунис, Аштон Качер и Кристен Бел се потписници на оваа филозофија - дека целосно туширање не е потребно и дека има дури и придобивки ако не се тушираш, од еколошки до економични во однос на време.

Џејк Џиленхал ја однесе работата едно ниво погоре - дека туширањето не било добро ни за кожата. Дека „природно се чистиме“.

И еве, ајде да го отпакуваме ова како луѓе. Што се случува ако нередовно се тушираме? Има ли придобивки за кожата?

Фала богу, за сите што добија сулуди идеи - одговорот е не. Прво, да се одговори на тврдењето на Џиленхал - не, кожата нема систем за самочистење. Единственото што може да го исчисти телото се сапун и вода.

Сепак, не било и тврдењето на глумецот бескрајно далеку од вистината. Веројатно алудира на микробиомот на кожата, и аргументот дека претераната употреба на сапуни и детергенти може да ни ја осиромашува кожата од добрите бактерии. Експертите тврдат дека заради здрава кожна флора, можеби и не мора да се тушираме секој ден - можеме да се извлечеме со секој втор ден, но тоа нема да ни овозможи подобра кожа, а и секако мораме одредени делови од телото да миеме секој ден.

Значи, туширањето секој втор ден е секако прифатливо, но редовната телесна хигиена е важна за да се избегнат микроорганизми на кожата. И да не се тушираме секој ден, осетливите делови како пазуви и гениталии треба да се мијат со сапун. И секогаш мора туширање после вежбање со потење.

Најдобриот општ совет е - туширајте се секој ден или барем трудете се да биде секој ден. Нека бидат пократки, поладни плакнења, и фрлете по некое лежење во када еднаш неделно. Бидете внимателни да не претерувате со ексфолијација на лицето и телото и не заборавајте да користите навлажнувач за тело и за лице (лосиони, помади…) ако ви е кожата сува и затегната.

Ако сме внимателни, подобро е да се насочиме кон секојдневно туширање, особено во летните месеци.

Накратко - не проаѓа тоа „не е здраво туширање“. Бањајте се, ве молиме.

16 август 2021 - 12:16