Што излезе од соработката на Кензо и омилениот дизајнер на Боуви?

Влијанието што јапонските дизајнери го имале врз европската модна мапа е толку значајно, што е тешко да се категоризира конкретно оваа трансконтинентална, културна размена како било што друго освен безвременска. А почнува пред околу 55 години, кога млад Кензо Такада прв пат доаѓа во Париз во 1965.

Неговото пристигнување и успехот што го постигнува во ’70-те и понатаму, стана своевидно зелено светло за бран од јапонски таленти кои се упатуваат кон Европа за да ги променат правилата на игра во европските модни метрополи. Меѓу нив и Кансаи Јамамото, кој прв пат презентира во Лондон, во 1971.

И во двата случаи, дизајнерите се приклучуваат на разбрануваните модни култури на нивното време - Париз, во време на Сан Лоран и Пјер Карден; Лондон во жижата на панк-револуцијата.

Во новата соработка на Кензо, се вплетуваат наследствата на двајцата плодни јапонски дизајнери и имаме нова колекција за мажи, жени и со додатоци.

И Кензо и Кансаи починаа порано годинава и крајниот резултат на колекцијата рефлектира како и двајцата го имаат посветено животот на вметнување радост во светот преку нивната работа, и колку е тоа навистина важно.

Во текот на кариерата, секој од нив нуди потребни контра-точки на повремената застоеност на модата, креирајќи облека што носи чувство на „блажено-наивна среќа, вистински славејќи го животот“, според креативниот директор на Кензо, Фелипе Оливеира Батиста. И додава,

„Верувам дека и Кензо и Кансаи би сакале вака да бидат запаметени.“

2 декември 2020 - 09:28