Без разлика дали имате тодлер што збеснува кога ќе му го исклучите омилениот Јутјуб канал, или тинејџер што не можете да го одвоите од телефон, битките за екран упорно се повторуваат. Решение има, и тоа не е ни нешто посебно ново.
Имено, детскиот психолог и авторка Др. Беки Кенеди вели дека сè е до границите и признавањето на чувствата. Ако сте родител и миленијалец, може и да ви е познато. Др. Кенеди вели дека пристапот е овој:
„Ќе ти дозволам да седиш на телефон/таблет/пред телевизор толку и толку време. Ќе дојдам и ќе ти кажам кога ќе имаш уште една-две минути време за гледање. После тоа, можеш да ми го дадеш таблетот/телефонот, или ако ти е тешко да ми го дадеш, ќе ти го земам, и ти ќе се нервираш. И тоа е во ред. Ќе разговараме.“
Ваков тип на јасна комуникација што ја најавува вашата одлука однапред е од клучна важност за времето пред екран да стане помалку хаотично искуство кај вас дома.
Нормално, тие што продолжија да читаат веројатно се тие што знаат дека детето пак може да се буни, да плаче и да напнува. Др. Кенеди ова го споредува со пилот што пробува да смени правец на авионот - Дали ќе се нервираат патниците? Се разбира. Дали пилотот ќе го приземји авионот безбедно, па ќе се секира дали патниците се среќни или не? Се разбира дека не. Пилотот само си ја врши работата и го прави тоа што е во најдобар интерес на авионот и патниците - без разлика како тие се чувствуваат во врска со тоа.
Вам ви е работа да бидете строгиот лидер во семејството, а вашето дете е важна „работа што треба да се заврши“.
„На нашите деца во детството им е работа да имаат и изразуваат чувства. Бидејќи единствено можат да станат возрасни што знаат како да справуваат со тие чувства ако вежбаат да ги чувствуваат тие чувства,“ вели Др. Кенеди.
Со други зборови, ваша работа е да ја држите границата со гасење на телевизорот, а нивна работа е да се вознемируваат за тоа - и толку. Не треба ништо друго да правите - нема молење, нема преговарање, нема држење предавања.
„Ќе плачат. Нема да биде лесно, сигурно нема да биде едноставно. А сепак, сите си ја бркаме работата како што треба,“ објаснува докторката.
Според неа најважниот момент кога родителите треба да работат не е кога децата се среќни, или смирени, туку кога се хаотични и без контрола.