Името доаѓа од апликацијата за едитирање фотографии VSCO (конечно, дознаваме дека ова не се чита В-ско како ние старите што го читаме, туку ВИско), и тоа да ти добило титула на втор Инстаграм каде што на секојдневни фотографии им се додава еџ со филтри. И го користи баш одреден тип тинејџери: главно белци, богати, еколошки-освестени. Виско-девојчиња се и прифатени и исмевани од тие што го возат трендот. Знаевме дека Виско има добри филтри за фотографии, ама еве - и заедница имало.
Мода ли е во прашање?
Делумно. Виско-девојките си имаат свој изглед: опуштени, спремни за плажа, младешки изглед… Има пародии и онакви стартер-пек мемиња што објаснуваат дека ти треба преголема маица, чокер, скранчи за коса (идете си на линкот за скранчи де!), грди патики и некое си Кармекс лабело. Виско-девојката личи како цело време да е на одмор, но естетиката и е спротивна од онаа супер-контурираната на Инстаграм-инфлуенсерките.
Постојат ли популарни фаци меѓу нив?
Некоја Јутјуберка - Ема Чемберлен и Аријана Гранде. Дури и Принцезата Дијана се смета дека ја дели таа естетика.
Што им е друго заедничко?
Како сите јаки супкултури, си имаат свој јазик. Ја користат на пример фразата and I – oop (Кој ја прати Џасмин Мастерс, ќе знае, се работи за израз на шок). И вечната растурена пунџа и ненадјебивиот авокадо тост, што се влече веќе со години како тренд над сите трендови што упорно ти бегаат ако имаш над 30 години.