Купете си „патики за косење трева”

Во светот се само dad shoes. Кај нас решивме да бидат „патики за косење” затоа што некако излегува дека сите татковци имаат баш вакви за косење трева.

Зошто насловот?

Затоа што фала богу, патики веќе не се за вежбање, за пешачење, за до продавница и за недотерување.

Патики се д шит, и тоа веќе некое време. До тој степен се опседна модниот свет со патики, што да ги облечете во комбинација со вечерен фустан на свадба, нема да згрешите. Тоа што фустанот ви е сребрен не е проблем - и патиките можат да бидат.

Само што, овде не се работи за „дотерувачки” патики.

Овие се онакви, грди, гломазни патики, со нерамнини и гумени чуда, во глупи бои, со проблематичен дизајн и на сите им е заедничко што - се удобни.

Стапалата ќе ви бидат благодарни.

И не, не мора да се откажеме од штикли и сандали. Ама не значи дека нема да ги поигнорираме на кратко, после ова:

5 септември 2019 - 00:00