Што е „Теорија на црвен автомобил“?

Шансите, како и црвените коли, ги има насекаде, само никако да ги забележиме.

Теоријата е популаризирана на ТикТок: Замислете некој да ви вети 50 евра за секоја црвена кола што ќе ја видите додека се возите накај дома. Сите ќе ги видите. А, без тој услов, или без некој да ве предизвика - тешко. Не дека нема црвени коли - само не ги бараш.

На ова сега му наоѓаат аналогија и во љубовните средби и врски. Презафатени сме со бирање совршен изглед, совршена работа, совршена смисла за хумор - а, не забележуваме дека потенцијални партнери има секаде околу нас. Не забележуваме „црвени коли“, затоа што сме фокусирани само на „сребрените“.

Значи можности, како и црвени коли има насекаде - само не успеваме да ги видиме. Истиот момент кога ќе почнеме да ги бараме - се појавуваат.

Сепак, некои искуства кажуваат дека постојат исклучоци и дека теоријата може да излезе ограничувачка. Луѓе што се во среќни врски кажуваат дека нивните партнери на почетокот биле „сè што не сакаат“. Накратко, теоријата не сака да каже дека сите стандарди треба да се фрлат во ѓубре, или дека треба да се помириме со некој што не е доволно добар за нас, туку да се препознае конекција што често знае да ни е пред нос - вистинската личност, тој или таа што ќе те смее до 3 саат сабајле и ќе ги памти ситниците што ти си заборавил дека си ги кажал. Пораката е едноставна: Не скенирајте околу вас само по коли што мислите дека ги сакате. Наместо тоа, замислете како би ви изгледал животот во нова, сјајна, црвена кола. Сребрените се ем почести, ем подосадни.

13 јануари 2025 - 12:23