Што е најмодерно во моментов во пластична хирургија?

Не, никој не измисли пластична операција на јазик. Сè уште. Само ќе позборуваме за тоа што е најпопуларно во последно време.

Од нејзиното прво појавување, до денес, пластичната хирургија е далеку стигната. Не само во однос на технологијата и вештината на нејзините доктори, туку и во степенот на прифатеност во општеството. Ако порано информацијата дека некој правел пластична операција беше пречекана со презир, во денешно време се пресретнува со „А кај кого?” и „Дај ми број.”, што е супер.

Четирите најпопуларни процедури се следните:

Намалување на гради

Затоа што е во мода активниот начин на живот, на многу жени „им текнува на гради што одговараат со остатокот од телото,” објаснува еден хирург. Големите, тешки гради предизвикуваат болки во вратот и грбот, а некои жени мораат да носат и по два спортски градници за да можат да вежбаат на раат. „Тешко се наоѓаат и фустани, ако имаш помал задник, а поголеми гради.” Среќа па, и славните личности (кои уште диктираат трендови) отворено зборуваат за ваквите операции и се отвара темата за намалување на гради.

Зголемување на задник и пресадување сало

Зголемувањето на задникот (познато и како Бразилско поткревање) постигнува со извлекување сало од област каде што не сакаш да го имаш и ставање во задникот. И ова, според докторите е благодарение на Ким Кардашијан и новите трендови (раширени на социјални мрежи) за тесни фармерки што ја истакнуваат секоја облина.

Вовлекување на стомак

Се вика и абдоминопластика, и овде докторот го отстранува вишокот на кожа и масно ткиво од абдоменот со рез под линијата каде што почнуваат гаќите. Буквално се затегнува кожата на абдоменот, па мускулите повторно се враќаат на место. И оваа операција предизвикува најдраматична промена во изгледот. Пациенти кои ќе изгубат многу килажа од диети и вежбање имаат опуштена кожа и на овој начин сакаат да ја корегираат. Популарно е кај жени што родиле.

Неинвазивна редукција на сало

Липосукцијата е златниот стандард за отстранување на сало, ама сепак е хируршка процедура. Пациентите што не сакаат „операција”, се одлучуваат за неинвазивни процедури за намалување на салото и за многу брзо време можат да продолжат со животот и обврските. Така на пример имаме криолиполиза, за која што пишувавме овде.

Имате ли вие пластична операција од соништата?

30 јануари 2019 - 00:00