Што ако бившиот ти пише во сред Ковид?

Верувале или не, постојат експерти и за тоа. Не за пишување за време на корона, туку за мислење што би требало да се направи во таков случај.

Да се чуеш со роднини и пријатели може да ти биде утеха, но некои луѓе се наоѓаат во ситуација да примаат повици и пораки од еден малку поизненадувачки извор: бивши.

Џен Хартстин, која работи на рубриките за ментално здравје во Јаху Лајф и како психолог, открива дека стресот и внатрешниот конфликт што можете да го почувствувате откако ќе ви се јави некој бивш партнер е сосема нормален.

„Се навраќаме на стари љубови и бивши затоа што сакаме да му се вратиме на ‘стариот, удобен џемпер’ - познато ни е,“ вели Хартстин.

„Ако ве контактира некој со кој не сте баш сигурни дали сакате да се поврзете повторно, бидете директни,“ советува таа. „Можете да кажете, види, ценам што се јави, се надевам дека си добро, ама не сум заинтересиран/а за разговор, и така затворете.

Плус, додава и дека е можеби паметно да се игнорира.

„Игнорирањето е фер. Ова не е некој со кој што секако сте контактирале, па во ред е да не одговорите на повикот или пораката.“

Ако вие сте тие што размислуваат да контактираат бивш партнер, Хартстин вели дека може треба да размислите пред да стиснете „сенд“.

„Треба да се запрашаме дали е ова паметно време да се стапи во контакт со стари љубови, ама одговорот ќе биде ‘Којзнае?’ Мора да бидете спремни и да знаете што точно ве мотивира, а и спремни дека исходот нема да биде онаков каков што посакувате да биде,“ предупредува Хартстин. „Ако не сте сигурни како ќе реагира, можете ли да се справите со тоа разочарување во карантин? Ако реакцијата ви е ‘што има врска, не можам да изгубам’, тогаш, слободно.“

24 јуни 2020 - 15:49