Chanel N°5 има статус на икона што едвај неколку парфеми досега го имаат достигнато. Затоа и му личи Шанел за неговиот 100-ти роденден да ја истражи самата идеја за селебрити. Во нов филм, авторитети за она што значи да се биде славен ќе ги претстават и сопствените размислувања на таа тема. Лил Бак се потсетува како изгледало да се биде дете-генијалец на меѓународна сцена со само 13 години, кога соработувал со Мадона. Поранешниот главен уредник на Венити Фер, Грејдон Картер разгледува како било да се успее во Холивуд и заклучува дека помага не само да си талентиран, туку и учтив. Марион Котијар, веројатно најславниот актерски извоз што го има Франција во моментов и заштитно лице на Chanel N°5, зборува за тоа да не дозволиш славата да те измени и да се бориш за нештата во кои веруваш. Им се придружува и психологот Лори Сантос, кореографката Мари Агнес Гијо и кинеската модна икона Хунг Хуанг.